Суштината на успешната тактика е да се одбраниш таму каде што е противникот најсилен и да нападнеш таму каде што противникот е најслаб. Во зависност од силината на противникот и на твојот тим може да издвоиме 3 различни ситуации и во одбрана и во напад.
Одбрана:
1. Противникот е посилен на бековските позиции и форсира надворешен шут.
- Во овој случај ако сакаш да се одбраниш ќе ти требаат 3 играчи со добра надворешна одбрана и ги распоредуваш во одбрана да ти играат Б, К и П, а изборот на тактиката во одбраната е човек на човек. Редоследот Б, К, П не ми е случаен, најчесто Б во одбрана се става тој што ти со највисока надворешна одбрана а како П тој со најслаба надворешна одбрана затоа што по некоја логика најопасните надворешни шутери кај противникот се Б, К, па П. Сепак нема правила, можеби противникот е добар тактичар па може малку да те измеша со распоредот на играчи на П, Б и К за да те изненади, твое е тоа да го предвидиш врз основа на неговите досегашни натпревари.
Во овој случај можеш да се одбраниш и со 3-2 зона или 1-3-1, но треба да бидеш сигурен дека противникот ќе те нападне надворешно, зошто во спротивен случај значително ќе му ја олесниш работата да ти го наполни кошот со внатрешен напад. Специјален случај тука е Надворешен фластер со зона, корисно ако противникот има еден изразито добар надворешен шутер кој се издвојува од останатите.
2. Противникот е посилен на центарските позиции и форсира внатрешен шут.
- Во овој случај ти требаат 3 играчи со добра внатрешна одбрана и ги распоредуваш да ти играат во одбрана Ц, КЦ и К. Како К го ставаш тој со најслаба внатрешна одбрана од овие 3 играчи, а за Ц и КЦ треба да видиш каде противникот е посилен и во одбрана играш човек на човек. Внатрешната одбрана можеш дополнително да ја засилиш со 2-3 зона во одбрана но повторно треба да бидеш сигурен дека противникот ќе те нападне внатрешно зошто во спротивен случај ќе ти го наполни кошот со надворешан напад. Специјален случај тука е Внатрешен фластер со зона, корисно ако противникот има еден изразито добар внатрешен шутер кој се издвојува од останатите.
3. Противникот има балансиран напад т.е. приближно еднаков надворешен и внатрешен напад.
Во овој случај задолжително играш човек на човек во одбрана а изборот на играчи го правиш според нивниот севкупен квалитет, па така ќе имаш 3 играчи со надворешни скилови а 2 со внатрешни или обратно. Во секој случај треба да водиш сметка да имаш 2 играчи со добра надворешна одбрана и 2 играчи со добра внатрешна одбрана.
Специјален случај е пресингот кој може да биде корисен ако противникот е слаб на бековските позииции особено на П, но за да успееш ти треба добра издржливост на твоите стартери или барем да имаш подобра клупа од противникот.
Напад:
1. Противникот има посилна внатрешна одбрана.
Го напаѓаш надворешно, на позициите Б, К, и П ги одбираш твоите најдобри надворешни шутери и одбираш соодветна тактика за надворешен напад (Движење, Трчај и шутирај, Непрекинато движење или Надворешна Изолација).
2. Противникот има посилна надворешна одбрана.
Го напаѓаш внатрешно, на позициите Ц, КЦ, и К ги надбораш твоите најдобри внатрешни шутери и одбираш соодветна тактика за внатрешен напад (Гледај внатре, Низок пост и Внатрешна Изолација)
3. Противникот има балансирана одбрана т.е. приближно еднаква надворешна и внатрешна одбрана.
Во овој случај можеш да играш некој од основните напади ( стрпливо во случај да имаш добар П) но можеш да се одлучиш и за надворешен или внатрешен напад доколку мислиш дека твојот тим е многу подобар во една од овие 2 варијанти.
Тоа би бил еден општ приод околу подготовката на тактиката а се што јас не ти напишав, какви се тактики постојат во BuzzerBeater и кој е нивниот ефект повели на прирашникот. Линкот веќе го имаш и со среќа во плеј-офот :)