Да да али се играат 4 или 5 утакмици и дали може сите да ги играм мотивирано... ќе имам загуба од тоа или не?
Прво дефинирај што е загуба? Ако постојано играш плејоф-мотивирано и на крај станеш шампион тогаш нема загуба, нели :)
Мотивирано во плејоф или мотивирано во регуларна сезона, ако гледаме од аспект на самиот натпревар секогаш значи едно: во тој натпревар твоите играчи ќе остават срце на терен.
Ако гледаме од аспект на тоа што ќе се случи после натпреварот за твоите играчи, тогаш е малку различно. Тука почнува расправата за ентузијазмот, а најдобро е објаснето во Прирачникот во делот Тактики:
http://www.buzzerbeater.com/community/rules.aspx?nav=Tact...Накратко да ги повториме концептите за ентузијазмот:
1) Најгрубо кажано, нивото на ентузијазам кажува колку добро ќе игра тимот. Повисоко ниво на ентузијазам = подобра игра.
2) Основно ниво на ентузијазам е 5 и ќе остане на тоа ниво ако цело време играш со залагање нормално во регуларна сезона или плејоф-мотивирано во плејофот. Ако ентизијазмот е различен од нивото 5, тој секогаш ќе стреми да се врати кон таа вредност: и да е повисок и да е понизок. Колку е подалеку од основната вредност, толку побргу ќе се враќа назад.
3) Ентузијазмот се подобрува над ниво 5 само ако играш опуштено во регуларна сезона или плејоф-нормално во плеофот. Подобрувањето е отприлика за +2 нивоа непосредно по натпреваот (ако било ниво 6, после натпреварот ќе биде 8). Веднаш потоа се активира правилото од точката 2, па ако по два-три дена видиш дека паднал од 8 на 7, тоа е поради тоа правило.
4) Ентузијазмот може да се намали под ниво 5 само ако играш мотивирано во регуларната сезона. Намалувањето е всушност преполовување (ако било ниво 6, после натпреварот ќе биде 3).
5) Ако во плејофот влезеш со ентузијазам 5+ нема никакви шанси да дојдеш до ниво пониско од 5 --- затоа што тука плејоф-мотивирано не го преполовува ентузијазмот.
Дали е добро или лошо постојано да играш плејоф-мотивирано тоа сам треба да оцениш. Најдобро ги знаеш условите и твоите противници. Ако тоа е гаранцијата за титулата, лупај пријателе до крај.