BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Прашања и Одговори

Прашања и Одговори

Set priority
Show messages by
This Post:
00
145214.241 in reply to 145214.240
Date: 1/19/2012 7:39:52 PM
Overall Posts Rated:
00
Немам многу искуство со Плеј Оф па дај кажете како да играм ?!?! Може ли сите натпревари да ги играм со МОТИВИРАНО?!

This Post:
00
145214.242 in reply to 145214.241
Date: 1/19/2012 8:33:51 PM
Pelister Bitola
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
1818
Во особено важните натпревари, како што се натпреварите од Playoff-от, натпреварите во борбата за опстанок во лигата и натпреварите во последните две рунди од националниот куп, вашите играчи се премногу возбудени за да играат „Опуштено“. Во овие натпревари можете да одберете само помеѓу два става „Play-off Нормално“,каде што вашиот тим ќе се труди исто како кога играте „ Нормално“ во регуларната сезона, а влијанието на ентузијазмот ќе биде како да играте „Опуштено“,и „Плејоф Мотивирано“ каде што вашиот тим ќе се залага исто како кога играте „Мотивирано“ во регуларната сезона, а влијанието на ентузијазмот ќе биде како да играте „Нормално“.

Last edited by РакијаДете at 1/19/2012 8:38:31 PM

This Post:
00
145214.243 in reply to 145214.242
Date: 1/20/2012 11:41:16 AM
Overall Posts Rated:
00
Да да али се играат 4 или 5 утакмици и дали може сите да ги играм мотивирано... ќе имам загуба од тоа или не?

This Post:
00
145214.245 in reply to 145214.244
Date: 1/20/2012 2:38:38 PM
Overall Posts Rated:
2727
Ludi Milojko, ke moze li na mene da mi objasnis malku poveke, bidejki sum nov vo igrava i ne mi e jasno okolu ova prasanje.

This Post:
11
145214.246 in reply to 145214.243
Date: 1/20/2012 5:18:50 PM
Overall Posts Rated:
203203
Да да али се играат 4 или 5 утакмици и дали може сите да ги играм мотивирано... ќе имам загуба од тоа или не?
Прво дефинирај што е загуба? Ако постојано играш плејоф-мотивирано и на крај станеш шампион тогаш нема загуба, нели :)

Мотивирано во плејоф или мотивирано во регуларна сезона, ако гледаме од аспект на самиот натпревар секогаш значи едно: во тој натпревар твоите играчи ќе остават срце на терен.

Ако гледаме од аспект на тоа што ќе се случи после натпреварот за твоите играчи, тогаш е малку различно. Тука почнува расправата за ентузијазмот, а најдобро е објаснето во Прирачникот во делот Тактики: http://www.buzzerbeater.com/community/rules.aspx?nav=Tact...

Накратко да ги повториме концептите за ентузијазмот:

1) Најгрубо кажано, нивото на ентузијазам кажува колку добро ќе игра тимот. Повисоко ниво на ентузијазам = подобра игра.

2) Основно ниво на ентузијазам е 5 и ќе остане на тоа ниво ако цело време играш со залагање нормално во регуларна сезона или плејоф-мотивирано во плејофот. Ако ентизијазмот е различен од нивото 5, тој секогаш ќе стреми да се врати кон таа вредност: и да е повисок и да е понизок. Колку е подалеку од основната вредност, толку побргу ќе се враќа назад.

3) Ентузијазмот се подобрува над ниво 5 само ако играш опуштено во регуларна сезона или плејоф-нормално во плеофот. Подобрувањето е отприлика за +2 нивоа непосредно по натпреваот (ако било ниво 6, после натпреварот ќе биде 8). Веднаш потоа се активира правилото од точката 2, па ако по два-три дена видиш дека паднал од 8 на 7, тоа е поради тоа правило.

4) Ентузијазмот може да се намали под ниво 5 само ако играш мотивирано во регуларната сезона. Намалувањето е всушност преполовување (ако било ниво 6, после натпреварот ќе биде 3).

5) Ако во плејофот влезеш со ентузијазам 5+ нема никакви шанси да дојдеш до ниво пониско од 5 --- затоа што тука плејоф-мотивирано не го преполовува ентузијазмот.

Дали е добро или лошо постојано да играш плејоф-мотивирано тоа сам треба да оцениш. Најдобро ги знаеш условите и твоите противници. Ако тоа е гаранцијата за титулата, лупај пријателе до крај.

This Post:
00
145214.247 in reply to 145214.246
Date: 1/20/2012 5:53:16 PM
Overall Posts Rated:
00
Супер објаснето фала :)

И уште нешто ако сака некој да помогне :)

Во плеј оф ќе играм против тимови со формација:
Прв тим: Брз Основен Напад - Пресинг на цел Терен (цела сезона игра со оваа формација)
Втор тим: Трчај и Шутирај/Стрпливо - Човек на Човек
Трет тим(финале): Основен Напад - Човек на Човек (цела сезона игра со оваа формација)

Има некоја тактика што може да биде ефикасна против нив?!

Last edited by wolfstrix at 1/20/2012 6:06:01 PM

This Post:
00
145214.248 in reply to 145214.247
Date: 1/21/2012 11:24:24 AM
Overall Posts Rated:
5555
Суштината на успешната тактика е да се одбраниш таму каде што е противникот најсилен и да нападнеш таму каде што противникот е најслаб. Во зависност од силината на противникот и на твојот тим може да издвоиме 3 различни ситуации и во одбрана и во напад.
Одбрана:
1. Противникот е посилен на бековските позиции и форсира надворешен шут.
- Во овој случај ако сакаш да се одбраниш ќе ти требаат 3 играчи со добра надворешна одбрана и ги распоредуваш во одбрана да ти играат Б, К и П, а изборот на тактиката во одбраната е човек на човек. Редоследот Б, К, П не ми е случаен, најчесто Б во одбрана се става тој што ти со највисока надворешна одбрана а како П тој со најслаба надворешна одбрана затоа што по некоја логика најопасните надворешни шутери кај противникот се Б, К, па П. Сепак нема правила, можеби противникот е добар тактичар па може малку да те измеша со распоредот на играчи на П, Б и К за да те изненади, твое е тоа да го предвидиш врз основа на неговите досегашни натпревари.
Во овој случај можеш да се одбраниш и со 3-2 зона или 1-3-1, но треба да бидеш сигурен дека противникот ќе те нападне надворешно, зошто во спротивен случај значително ќе му ја олесниш работата да ти го наполни кошот со внатрешен напад. Специјален случај тука е Надворешен фластер со зона, корисно ако противникот има еден изразито добар надворешен шутер кој се издвојува од останатите.
2. Противникот е посилен на центарските позиции и форсира внатрешен шут.
- Во овој случај ти требаат 3 играчи со добра внатрешна одбрана и ги распоредуваш да ти играат во одбрана Ц, КЦ и К. Како К го ставаш тој со најслаба внатрешна одбрана од овие 3 играчи, а за Ц и КЦ треба да видиш каде противникот е посилен и во одбрана играш човек на човек. Внатрешната одбрана можеш дополнително да ја засилиш со 2-3 зона во одбрана но повторно треба да бидеш сигурен дека противникот ќе те нападне внатрешно зошто во спротивен случај ќе ти го наполни кошот со надворешан напад. Специјален случај тука е Внатрешен фластер со зона, корисно ако противникот има еден изразито добар внатрешен шутер кој се издвојува од останатите.
3. Противникот има балансиран напад т.е. приближно еднаков надворешен и внатрешен напад.
Во овој случај задолжително играш човек на човек во одбрана а изборот на играчи го правиш според нивниот севкупен квалитет, па така ќе имаш 3 играчи со надворешни скилови а 2 со внатрешни или обратно. Во секој случај треба да водиш сметка да имаш 2 играчи со добра надворешна одбрана и 2 играчи со добра внатрешна одбрана.
Специјален случај е пресингот кој може да биде корисен ако противникот е слаб на бековските позииции особено на П, но за да успееш ти треба добра издржливост на твоите стартери или барем да имаш подобра клупа од противникот.

Напад:
1. Противникот има посилна внатрешна одбрана.
Го напаѓаш надворешно, на позициите Б, К, и П ги одбираш твоите најдобри надворешни шутери и одбираш соодветна тактика за надворешен напад (Движење, Трчај и шутирај, Непрекинато движење или Надворешна Изолација).
2. Противникот има посилна надворешна одбрана.
Го напаѓаш внатрешно, на позициите Ц, КЦ, и К ги надбораш твоите најдобри внатрешни шутери и одбираш соодветна тактика за внатрешен напад (Гледај внатре, Низок пост и Внатрешна Изолација)
3. Противникот има балансирана одбрана т.е. приближно еднаква надворешна и внатрешна одбрана.
Во овој случај можеш да играш некој од основните напади ( стрпливо во случај да имаш добар П) но можеш да се одлучиш и за надворешен или внатрешен напад доколку мислиш дека твојот тим е многу подобар во една од овие 2 варијанти.

Тоа би бил еден општ приод околу подготовката на тактиката а се што јас не ти напишав, какви се тактики постојат во BuzzerBeater и кој е нивниот ефект повели на прирашникот. Линкот веќе го имаш и со среќа во плеј-офот :)

This Post:
00
145214.249 in reply to 145214.248
Date: 1/21/2012 2:16:25 PM
Overall Posts Rated:
00
Фала брате :)

From: BojanD
This Post:
00
145214.250 in reply to 145214.1
Date: 1/21/2012 2:21:54 PM
Overall Posts Rated:
2121
Свака му част на играчот...незнам како му успеа, ама ѕвер е. ООДМА да го натурализираме да игра за МКД

К T. Jurcina 48 29 - 53 8 - 20 5 - 5 -24 2 6 0 0 1 1 1 71 10,0

http://www.buzzerbeater.com/player/6122782/overview.aspx

еве го дечкото иначе

Advertisement