Имаш право, сега ги видов опциите со црно кои претходат пред секоја нивна зелена варијанта. Да резимираме, новите тренинг опции не нудат можност за тренирање повеќе играчи истовремено со приближна брзина на еднопозициски тренинг туку само можност да играчот добива нетипичен тренинг за него без да се менува позицијата на која ќе игра (со нешто послаб тренинг нормално). На пример Центар може да тренира додавање и ако игра како Центар но тоа е побавно отколку кога би играл како плеј.