Има еден момент кој останува заборавен во сето ова и никогаш не се спомнува. Целта на играта е да биде што поблиску до реалната кошарка, пред се NBA лигата. Во тој однос НЕ ПОСТОЈАТ реални играчи кои се легендарни во се. Некои се неверојатни шутери, други во одбрана, трети во додавање. Не постои сега, ниту некогаш постоел играч кој истовремено бил меѓу најдобрите во историјата во повеќе вештини. Од таму според мене не смеат ниту да постојат играчи со вештини кои би соодветствувале на плати поголеми од 200-250к. До некаде е ова постигнато со потенцијалот, но не е совршено и останатото се решава со економијата.
Да не зборувам за главната причина која надолго и нашироко е објаснувана а тоа е целта на "вештачкиот salary cap" да спречи повеќе "ѕвезди" во ист тим. И во NBA ако имаш да речеме 2-3 од најдобрите 10тина играчи во лигата, не можеш да имаш други ептен јаки играчи, туку мора да се задоволиш со просечни играчи. И во ББ е сосема возможно да имаш 3ца од по 250к плата и уште 7мина по 10к плата. Или 2ца од по 300к плата и 8мина од по 30к плата. Тоа се сосема нормални плати кои подобрите тимови ќе можат да ги издржат.