И мене ми беше смешно ова. Cherepnalkovski и Miloshevski се совршени за освојување на титула. Слободно може да се каже дека се едни од најтрофејните играчи во историјата на ББ МКД. Впрочем претпоставувам дека се подобри од бековите кои ги има овогодинешниот шампион ;). Единствен проблем е возраста.
Мене ми е смешно тоа што ова го зборат менаџери кои ги продадоа овие играчи пред неколку сезони. Ако толку биле прекрасни зошто воопшто ги продадовте !?
Јас зборам дека не се довоно добри во споредба со странците кои ги гледам на ТЛ а верувајте дека веќе подолго време ја набљудувам трансфер листата, можеби веќе 4-5 сезони во континиутитет и сум видел за цели класи подобри играчи од нив со само малку поголеми плати.
За нивните години можеби ќе речете дека не сум соодветен да се жалам имајќи 2 странци со 35-години ама тие се ангажирани поради уникатниот распоред на скилови какви што ми требало моментално. Одлуката да во иднина критериум за засилување пред се ми бидат скиловите на играчите а не тоа дали се Македонци или не е сосема легитимна.
А за овие проблеми со згаснување на квалитетни играчи одпоодамна предупредувавме со Тошебог, ама додека си заминуваа предверме од играва странски звезди вие бевте рамнодушни па дури и се радувавте. Кога почна да страдаат и нашите звезди одма ве фати паника и сега јас сум ви крив како еден од најстарите прволигаши. Факт е дека економијата во играва е одамна излезена од контрола, цените на квалитетни играчи со големи плати е одамна на неразумно ниско ниво и ако наскоро не превземат нешто одговорниве во играва за решвање на овој проблем се плашам дека ќе почнат и многу светски менаџерски звезди да се пензионираат во играва.
Last edited by Dadimo at 6/18/2013 7:31:49 AM