Последното колоНамерно е искористена членувана форма кај „последно
то“ затоа што многу посебно, а и поразлично од претходните сезони. Во последното коло тошка треба да ја завери „совршената регуларна сезона“ со 22 - 0 скор и да се верифукува бришењето на Perdikas. Gemidzii Veles и Heraklea ќе останат на своите позиции и после натпреварите во сабота, а таму ќе останат и Hip Hop Macedonia и Piperkari. Е сега следи интересниот дел.
Сина конференција1.
2.
3. Bregalnica 13/8 +19
4. Najdobrite 12/9 +120
5. Vardar Dimoa 11/10 +153
6. dragonfly84 11/10 +73
7. saati 4/17 -314
8. Tigars 4/17 -364
Двојки на колото:
Najdobrite - saati
Saati се во опасна ситуација, но барем играат на домашен терен. Само со победа би имале гаранција дека ќе обезбедат бараж за опстанок. Позицијата секако им е подобра отколку на Tigars.
Najdobrite, од друга страна, се помеѓу пласманот на 3тата позиција со победа или губење на плејоф местото со пораз. Гостуваат против тим кој сака да победи, а треба да внимаваат помеѓу ентузијазмот за плејофот, опасноста со пораз да го изгубат плејоф местото и можноста на крај на натпреварите да завршат на 3то место.
Vardar Dimoa - Heraklea
Heraklea неоптеретено ќе влезе во овој дуел и прашање е дали тоа ќе биде доволно dadimo да извојува гостинска победа без некое особено силно залагање. Подобрата кош разлика од ривалот Najdobrite и евентуален нивен кикс, на dadimo му дава шанси да се надева дека сепак ќе избори плејоф место. Но и 5та позиција не е безбедна бидејќи пораз ќе отвори шанса за dimac.
Bregalnica - dragonfly84
Погледите на dimac се само нагоре. Надолу не може (колку и да се големи неговите таленти). Но и покрај тоа тој сигурно ќе атакува на 5тото место и избегнување на бараж дуелот против Piperkari. Bregalnica секако е плејоф учесник, но 3тото место не е безбедно поради лошата кош-разлика.
Tigars - GEMIDZII Veles
И за крај, Tigars гостува кај Гемиџиите кои го имаат осигурано првото место и ќе го штеда ентузијазмот пред плејофот. Tigars имаат многу неповолна кош разлика во однос на saati, но малку е веројатно дека ќе излезат на теренот во униформи на второлигаш.
Црвена конференција1.
2.
3. KK Players 12/9 +34
4. Xsago Phantoms 11/10 +21
5. Габер 10/11 +27
6. kavadarci 10/11 -163
7.
8.
Двојки на колото:
Xsago Phantoms - kavadarci
Неодамна gorge го купи Nastev откај „фантомите“ и тој ќе има интересна задача во натпреварот „против своите“ - да се обиде да го нападне 5тото место кое не му е најбезбедно на Габер, или да се припрема за баражот. Xsago од друга страна ќе се обиде преку победа да допре до 3тата позиција и избегнување на baniran во првото плејоф коло. „За кого ќе одигра Nastev?“ - стои на насловната страна на еден спортски магазин.
KK Players - Габер
Габер дома има шанса да го завери 5тото место, а потајно се надева и на 4тата плејоф позиција кон која атакува од домашен терен и се надева дека гостувањето на Xsago нема да му биде од фајде. Но гостинот ни малку не е наивен противник. Тоа е секогаш спремниот за натпреварување nikpos кој е свесен за фантомската закана.
Сатрдеј блади сатрдеј