Жалам Гари, секако дека не сакав вака да победам. Од првата средба искрено многу повеќе се плашев отколку од евентуалната мајсторка заради експериментите со составот (играв со најјакиот играч како резерва на крило, далеку од оптимална ситуација). Тесен ќе беше натпреварот со Стојку, иако не сум сигурен дека Стојку сам можеше да надополни 17 поени разлика (беше и 23 после 3 четвртини, после што кај мене подебела минутажа доби клупата).
А за GE не ми се верува дека некој мисли дека ме сака GE. Точно е дека ми се погодија некои клучни моменти последно време, ама за нив сум плаќал еден куп пати. И јас имам еден куп изгубени финалиња и во лигата и во купот на сличен начин (главно од Гемиџијата - Onisifor Beareaters). Финтата е што кај мене обично не се осеќа толку катастрофално ако некој се повреди бидејќи плаќам огромни плати за клупа да имам. Во вакви ситуации тоа помага, ама затоа стартната постава не ми е којзнае што.
П.С. Никако не сакам да купам странец, ама веќе сум во ситуација каде што можеби и ќе го направам тоа со цел да направам еден последен обид во Б3 (ако ме послужи среќата со распоредот).