Леле какви глупости...
1. Поголема глупост од ова дека репрезентативците не фаулирале одамна не сум прочитал. Ако сте направиле некоја којзнае каква анализа во која докажувате дека играч откако ќе влезе во репрезентација помалку фаулира, слободно напишете пост за тоа на форумот илјадници луѓе ќе бидат заинтересирани да го прочитаат.
Ама не можете да напишете бидејќи е апсолутно неточно и не постои никаква анализа.
Она што ќе го забележевте ако направевте анализа е дека поголемиот дел од нашите менаџери кои ги тренираа овие репрезентативци многу пазеа кога купуваат играчи, што купуваат. Повеќето не се ни нафаќаат да тренираат играчи кои прават многу фаули. Е затоа во нашата репрезентација нема многу играчи кои прават многу фаули. А не заради тоа што прекинуваат тие играчи да прават фаули потоа.
2. Главен фактор кој влијае на тоа колку играчот прави фаули е скриениот скил агресивност. Тоа е колку што знам единственото нешто кое е скриено во ББ, но е и официјално потврдено досега дека постои. Секој играч си има различно ниво на агресивност кое е невозможно да го знаеме но со текот на времето преку фаулите можеме самои да заклучиме дали е опасно или не. И тој фактор не се тренира туку е "вроден". И нема апсолутно никаква врска со тоа дали е репрезентативец или не. Пред неколку сезони баш го гледав се мислев да го купам, најјакиот кинески играч кој беше и еден од најјаките во светот не го купив само затоа што правеше по 4.4 фаули по натпревар - што е страшно многу.
Ако не ми верувате, слободно направете вистинска анализа и разгледајте ги репрезентативците. Еве јас без апсолутно да се замарам само ја отворив најјаката репрезентација на ранкингот и го отворив нивниот играч со највисока плата:
(19346301)Дечкото во последните 2 сезони има направено 3.3 и 3.5 фаули по натпревар. Е како тој не го намалил бројот на фаули?
3. Мала улога во фаулите има и искуството и улогата во тимот (пр. ако плеј ставиш да брани на центар ќе прави повеќе фаули), но тоа е споредно и нема никаква врска со моменталната ситуација.
4. Карај апсолутно не е играч кој прави многу фаули. Просечен е. Ако правеше многу фаули, јас немаше ни да го купам бидејќи многу пазам на тоа.
5. Karaj и Ait Lahcen прават во просек ист број на фаули. Карај заради проблеми со фаули одигра 13 минути, Ait Lahcen 29. Јас сум тој што треба да се жали.
6. Целиот проблем е што барате изговор во поразот. А објаснувањето е многу едноставно поедноставно здравје: Појак тим + Домашен терен. А колкаво влијание има домажниот терен можете слободно да го прашате Гари кој секогаш плачи на тоа прашање (по моја проценка 12-13 поени во однос на неутрален терен) и најверојатно заради домашниот терен јас ќе ја изгубам титулата од него. А да не правам муабет што ако јас мислев дека е толку ризично немаше ни да играм опуштено. Доволно ви е да го погледнете ДМИ-то на играчите, за да добиете осет некој. Не е се до платата на најјакиот играч. Особено не кога јас некои од тие играчи ги тренирам (Карај, Андов, Робев и Панчев имаат тренирано оваа сезона и сите ќе имаат повисока плата идната). На крај краишта погледнете ги оценките на натпреварот. Победата е чиста како солза не ми се верува дека од сите натпревари за овој се жалите кога имало милион пати поненормални ситуации во натпреварите.
7. Најголемата комедија во целата ситуација е што жалбата е за играч кој одигра САМО 13 МИНУТИ ЗАТОА ШТО НАПРАВИ ПРЕМНОГУ ФАУЛИ (5) НА НАТПРЕВАРОТ ОТКАКО БЕШЕ ПОВИКАН ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА. Значи јас малер бев во текот на натпреварот, а вие тоа го претворивте во дека сум местел за да одигра повеќе отколку што требало. Смешки. Не ми е јасно само како самите верувате во тоа.
8. Она што е реалноста и е чиста вистина е дека јас не ни помислував дека играм плејоф или нешто слично кога го повикував Карај. Тој беше единствено повикан за да видам ако во некоја од останатите пријателски е во добра форма како ќе се однесува на празна постава во репрезентацијата. Истото беше и со другите
Last edited by Xsago at 6/30/2014 4:30:24 AM