Изледа се надминаа недоразбирањата па се враќам меѓу кандидатите за селектор за У21 Македонија, овој пат решен сум да одам до крај а во продолжение е говорот кој веќе имавте можност да го прочитате.
BuzzerBeater играм од сезона8 и сум веројатно еден од најискусните активни менаџери во Македонија. За овие 14 сезони играње не постигнав резултати со својот клуб какви што посакував т.е. не успеав сериозно да се вмешам во борбата за шампионската титула но повеќето менаџери знаат за големата доминација на GEMIDZII Veles до пред некоја сезона. Други причини за тоа се купувањето на висококвалитетни играчи кои за жал имаа големи плати а не се покажав добар во обезбедувањето добри приходи за да можам да ги плаќам тие играчи па не успевав да издржам барем една сезона со таков тим и да направам некој поголем успех. За среќа селекторската функција не бара добар менаџмент со финансиите, туку сосема други активности кои би ги поделил на два дела.
1. Селекција на вистинските играчи, добар скаутинг на противниците и поставување на соодветна тактика на секој натпревар т.е сето ова заедно за постигнување на што подобри резултати и кревање на рејтингот на У21 Македонија. Ги разгледав нашите противници во следните квалификации и мојот првичен впечаток е дека можеме да се бориме за 3-4 победи од 7 натпревари а би пробал и повеќе ако ни се укаже шанса но треба да бидеме реални за нашите можности. Секако, за подетална анализа треба повеќе време и тоа ќе го направам најдобро што можам доколку ја добијам довербата.
2. Пратење на развојот на сите наши У21 потенцијали, од 18 па до 21 година, контактирање и мотивирање на нивните сопственици за редовен и правилен тренинг т.е сето ова заедно (се надевам во соработка со скаутинг тимот) до ситуација да кога ќе дојдат годишните награди да имаме што е можно помал број на наши таленти кои имале недоволен/никаков напредок.
Мој најголем успех со својот клуб е освоениот куп сезона 15, а една сезона подоцна повторно бев финалист во купот но бев поразен од моќните Гемиџии од Велес тоа време :) Да не го заборавам и својот најнов личен менаџерски успех со освоеното прво или второ место( сеуште не знаеме) на последните Б3 прогнозирања во конукренција на менаџери од целиот свет. Оваа вештина која ја демонстрирав преку моите Б3 прогнози кои ги работев исклучиво сам без никаква помош се и тоа како битни за еден селектор во подготовките за следниот противник.