Ej dali moze da se promeni najdobrata pozicija na igrac edno krilo da igra plej mejker od mladi godini duri na 18 i da ja promeni najdobrata pozicija od krilo na plejmejk prati post imam eden mlad igrc da kupam i sakam od krilo da go napravam vo prav plej mejker
Системот кој ја генерира природната позиција во BB не оди во прилог на тимската економија. BB се труди да исцеди колку што е можно повеќе пари од твојот тим преку платите на играчите, а една од потешките задачи на менаџер кој се труди да го достигне врвот е да ги добие најдобро спакуваните играчи за најниска можна плата. Клучна улога во формирањето на таквите играчи е добро испланиран и спроведен тренинг.
Што е всушност најдобрата претпоставена позиција?Тоа е една формула за пресметување на сите вештини на еден играч (во еден релативен однос) која се труди да добие највисок можен резултат, односно највисока можна плата.
Josef Ka при пресметката на платата на играчите ги користи овие коефициенти на вештините за различните позиции:
___JS___JR___OD___HA___ DR___PA___IS___ID___RB___BL___const
PG 1,025 1,045 1,080 1,080 1,040 1,155 1,000 1,000 1,035 1,000 300
SG 1,125 1,150 1,130 1,000 1,000 1,000 1,000 1,000 1,065 1,000 300
SF 1,180 1,085 1,065 1,000 1,000 1,000 1,000 1,060 1,090 1,005 300
PF 1,080 1,000 1,000 1,000 1,000 1,000 1,115 1,115 1,115 1,060 300
_C 1,000 1,000 1,000 1,000 1,000 1,000 1,138 1,135 1,130 1,065 300
а пресметката на виртуелната плата оди по оваа формула:
VirtualSalary=(300*CoeffJS^JSlevelOfPlayer*CoeffJR^JRlevelOfPlayer.......)^SalaryDeflator
Јасно е дека за еден плејмејкер најголемо влијание врз платата има PA (со коефициент 1,155), па OD и HN (со 1,080)...
Каде ќе го најде најголемиот резултат, таму ќе биде природната позиција на вашиот играч. Имајте предвид дека низ сезоната, ако играчот тренира, виртуелната плата на играчот ќе се менува и доколку тој тренинг предизвика такво напредување на вештините што дава нов максимум на плата, тој играч ќе ја промени својата најдобра претпоставена позиција (еве ти одговор на прашањето). Платата се ажурира само на почеток на сезоната така што таквиот случај веднаш нема да повлече финансиски импликации. Затоа и се вика виртуелна плата :)
Овие коефициенти и формули се искористени во популарното алатче на Moultihno за пресметка на плата. За сезона 17 може да го најдете тука
(198129.1) (rapidshare линкот).
Какво е влијание на најдобрата претпоставена позиција во натпреварите?Никакво! Во натпреварите се пресметуваат вештините, а не позициите. Комплицирано? Па, не баш.
Натпреварот не е меч со замислен противник. Не е карате „ката“. Разгледај го, скаутирај го, противникот и одбери состав и тактика што е доволна да го победиш. Дали во нападот на позиција Плеј ќе ти треба да поставиш играч со повеќе шутерски вештини или со повеќе додавање зависи од секој противник посебно и тактиката што ја спремаш за него. Во некој натпревар повеќе одговара едниот, во друг другиот тип играч. Нека е и играчот со претпоставена позиција Крило, ако претпоставиш дека тој поставен на позиција Плејмејкер во нападот (во одбрана секако можеш поинаку да го распоредиш) е доволен за победа и на крај успееш да победиш, тогаш си направил добра работа. Ако тренингот ти е сконцентиран токму врз тоа Крило и тренираш НО, ДО или ТХ за плејмејкер и обезбедиш 48 минути на таа позиција тогаш добивката е 100 процентна.
Што друго може да ми каже најдобрата претпоставена позиција?Може да користи за проценка на вештините на противнички играч. Ако гледаш дека противникот на позиција Ц во нападот игра со играч со претпоставена позиција К, многу веројатно дека таквиот играч има доста Скок шут ... и други вештини што се склоп на едно К. Значи, пак ќе треба да се погледне кон формулата :)