Еве на пример кај нас од сите што се сега во У21 само малкумина имаат добро распоредени скилови, така некои имаат на надворешна одбрана 14, а на надворешен шут 2-3 и кажете дека е ова нормално.
Знам точно на кој играч мислиш и тој играч е оптимизиран за внатрешен напад, за надворешен или балансиран напад за жал е бескорисен(особено за надворешен).
Инаку, дефинитивно можеме да имаме далеку подобра репрезентација, срамота е една Ерменија или Грузија да биде велесила за нас и нема опрадвување за тоа што многу менаџери кај нас воопшто не тренираат деца. Барем едно дете секој може да истренира, ќе го игра на небитни или пријателски натпревари и не ќе мора да жртвува резултати на својот клуб. Резултати жртуваме ние што тренираме постојано по 3 па и по 2 деца.
А како што кажа и ти тренингот треба да биде паметно испланиран а не да биде играчот прејак во напад а тапа во одбрана или обратно.