Тренерот е за тренирање и нема улога во натпреварот кој е во тек. Следи текст за тренингот (кој од разни причини го немам објавено); некаде при крај се споменува улогата на тренерот.
ТРЕНИНГИграчите ќе напредуваат само ако ги тренирате!
Тренингот се управува преку страницата за тренинг:
/manage/training.aspx. Можете да одберете 11 типови на тренинг:
- Тренирање на цел тим
- Надворешна одбрана
- Блокади
- Внатрешна одбрана
- Скокови
- Внатрешен шут
- Еден на еден
- Надворешен шут
- Скок шут
- Техника
- Додавање
Кога ќе одберете некој тренинг од десната страна имате можност да одберете кои
позиции сакате да напредуваат со тој тренинг (а горе тоа можете да го видите и на слика). На пример, ако одберете надворешна одбрана, можете да се одлучите дали сакате да тренирате една позиција (само плејмејкери), две позиции (плејмејкери и бекови) или три позиции (плејмејкери, бекови и крила). Кај некои тренинзи не може да се одбере една позиција, тоа се скокови, еден на еден и скок шут. Различно од сето ова е тренирање на цел тим, каде се тренира форма, слободни фрлања и издрживост - за овие тренинзи секогаш тренира цел тим.
За играчот да добие целосен тренинг треба да одигра
48 минути на позицијата која се тренира. На пример, ако имате поставено тренинг додавање за позиции П/Б и вашиот играч одиграл во сабота 15 минути на позиција П, а во вторник 40 минути на позиција Б, тој ќе добие целосен тренинг (40+15=55 минути на тренинг позиција). Целосен тренинг ќе добијат и сите други играчи кои исто така добиле 48 минути на позициите за тренинг. Играч кој добил повеќе од 48 минути на тренинг позицијата нема да добие бонус тренинг.
Што се подобрува со овие тренинзи?Секој тренинг подобрува нешто, а самото име кажува што е тоа што примарно (најбрзо) ќе се подобрува. На пример, тренингот Блокади најбрзо ќе ја подобрува вештината блокади, а додавање - додавањето. Покрај ова примарно подобрување, секој тренинг подобрува секундарно (по малку) и други вештини, а некои тренинзи подобруваат и терциерно (сосема малку) некои вештини.
Надворешна одбранао Примарно: надворешна одбрана
о Секундарно: внатрешна одбрана, техника и продорност
Додавањео Примарно: додавање
о Секундарно: техника и продорност
Надворешен шуто Примарно: шут од далечина
о Секундарно: скок шут
о Терциерно: техника и продорност
Скок шуто Примарно: скок шут
о Секундарно:
- за П/Б шут од далечина, техника и продорност
- за К/КЦ шут од далечина и внатрешен шут
- за Б/К шут од далечина, продорност, техника и внатрешен шут
Техникао Примарно: техника и продорност (техника малку побрзо)
о Секундарно: надворешна одбрана
Еден на едено Примарно: продорност и техника (продорност малку побрзо)
о Секундарно:
- за П/Б скок шут
- за К/КЦ скок шут и внатрешен шут
Внатрешен шуто Примарно: внатрешен шут
о Секундарно: скок шут и внатрешна одбрана
Внатрешна одбранао Примарно: внатрешна одбрана
о Секундарно: блокади, внатрешен шут и продорност
Блокадио Примарно: блокади
о Секундарно: внатрешна одбрана и скокови
Скоковио Примарно: скокови
о Секундарно: внатрешна одбрана и внатрешен шут
Брзината на тренингот1.
Возраст: Помлад играч ќе напредува побрзо од постар (најдобри резултати кај 18/19 годишни);
2.
Тренер: Со подобар тренер ќе се напредува побрзо;
3.
Висина: Висок играч (над 203 cm) побрзо ќе напредува ако се тренира внатрешни тренинзи (скокови, внатрешен шут, внатрешна одбрана и блокади), а побавно ако се тренира надворешни тренинзи (надворешна одбрана, додавање, шут од далечина и техника). За низок играч (до 198 cm) тоа е обратно;
4.
Тренинг позиции: Помалку позиции за тренинг -> побрз напредок;
5.
Ротација на тренингот: не се препорачува постојано тренирање на ист тип на тренинг; најдобро е кога играчот балансирано се развива на вештините кои му се потребни.