Краток вовед третата недела во Сезона 17Претстои доста интересна недела, а почнаа да се мешаат брзините и со купот.
Dimac ноншалантно влезе во последното куп коло, очигледно не го ни погледнал противникот и само кликнал основен напад со опуштено во гости и казната стигна. Ова куп коло ждрепката посака дуел на:
- KK Trtka дома против второлигашот - - BLUE BULLS - -
- Pelister Bitola дома против новиот и надежен Les Andres
- kavadarci гостува кај UNITED MACEDONIA
Неделата ќе биде жешка, но најпеколна кај овие три тима.
Трансфер вестиТретата недела ќе започне по интересен трансфер ритам. Се случи трансфер земјотрес во Битола (по гарант доста текила шатови). Десет играчи го напуштија
Pelister Bitola во период од само 6 дена, по што почнаа да се поставуваат новите темели на тимот. Два елитни центри: Janusz Wleklak и Hóracio Batista го засилија овој состав за што се потрошија речиси 3 М, но TequilaBoy направи многу лоша проценка со играњето 48 минути во купот на Wleklak.
Penda беше доста активен и се освежи со тројца поквалитетни играчи. Дали La-mai, Sferopoulos и Alpas ќе дадат прволигашки тон на новајлијата?
Крилото Fabijus Ragelevicius и неговите 30.0 поени по натпревар на почетокот на оваа сезона очигледно многу го бендиса
nikpos. По доведувањето на рускиот плејмејкер Don претходната недела и неодамнешното заминување на Mcpherson и García-Rigueira сега ова е сосема нова физиономија на KK Players.
Царот потроши скоро иста сума пари за новиот плејмејкер Leopoldo Jacinto Scizlak колку што потроши за Erjon Veseli. Jacinto Scizlak имаше одлично деби минатиот вторник со 24 поени, 9 асистенции и 4 украдени топки. Бековската линија на царот сега има атрибути на елита!
Ангел без многу „шнел“ реши да ја зацрврсти играта под кошевите па Söncke Frotzbacher треба да го видиме за првпат оваа недела. Не се потроши премногу и за очекување се следни потези.
Dadimo не успеа да го продаде de Barros и тој ќе биде закана за противниците и оваа недела.
Натпреварите оваа недела!СаботаГос - Дом Коментарче
NAJ - HER Некој до скор од 4 победи!
GEM - BRE Ќе видиме... :)
KKU - DRA Нов почеток за dimac?
VAD - TRT Penda до првата победа?
BAN - GAB Габер со мислите за вторник.
HHM - XSA Секогаш возбудливо!
ANG - KAV Важен натпревар и за двајцата!
PEL - PLA TequilaBoy и неговите 10те играчи!
НеделаГос - Дом Коментарче
HER - GEM Финалистите од S16
BRE - NAJ Бездруго дерби.
TRT - UNK Многу важен натпревар за двајцата!
DRA - VAD ГОЛЕМ прашалник
GAB - HHM Царот против сиот потенцијал на Габер.
XSA - BAN Контролна писмена работа за двајцата.
KAV - PEL Мала компликација пред купот :)
PLA - ANG Дали Ангел ќе го батали купот?
IF YOU DON'T LIKE THAT, YOU DON'T LIKE MKD BB ELITA BASKETBALL!