Немој да ме сфаќаш погрешно требаше да се реши проблемот за 4тото/5тото место, но не вака
Досегашниот ситем за време на плеј-оф/плеј-аут беше многу добар за 5-то место но и многу лош за 3-то и 4-то. Да се потсетиме дека порано не беше така за 5-то место бидеќи порано не беа ослободени од давачките за плати на играчите а нема никакви приходи 2 недели. Потоа ја воведоа промената која беше актуелна до оваа сезона со која на петтопласираните им се собираа 2 недели без обврски за да ги плаќаат платите на своите играчи. Сега ги одземаат делумно привилегиите што ги носи 5-то место но за да го решат проблемот на 3-то и 4-то место земаат од приходите на 1-то и 2-то место. Се согласувам дека ова не е добро решение, но мислам дека е подобро од досегашното.
Мој предлог:
5-то место да си остане како и до сега, 2 недели да биде ослободен од плаќање на платите на своите играчи или да плаќа помал процент од платите на своите играчи првата недела, 50% некако ми се многу.
3-то и 4-то место (или поразените во првата недела во плеј-офот) да плаќаат 50% од платите на своите играчи затоа што играле само 1 официјален натпревар таа недела и плус да ги добијат оние 1/3 од приходите исто како и до сега. За 1-во и 2-ро место да си остане исто како и до сега 2/3 од приходите си остануваат кај нив.
Што мислите за овој модел, фер е за сите.
Last edited by Dadimo at 12/3/2012 3:48:24 PM