BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > Забавна

Забавна

Set priority
Show messages by
From: Xsago

This Post:
00
222759.108 in reply to 222759.107
Date: 12/3/2012 8:07:00 AM
Overall Posts Rated:
128128
Јас напротив воопшто не сум среќен. Ова оди и тоа како на штета на надобрите. Сега не се исплаќа да атакуваш на прво место во регуларниот дел од сезоната... Ќе има многу повеќе тактизирање и продадени утакмици од најјаките... Се уништува регуларноста според мене...

Ќе беше се ок ако додатно воведеа и некој награден фонд за најуспешните но вака ќе има многу незадоволни шампиони.

Last edited by Xsago at 12/3/2012 8:08:59 AM

From: Dadimo

This Post:
00
222759.109 in reply to 222759.108
Date: 12/3/2012 8:17:36 AM
Overall Posts Rated:
5555
Можеби ќе биде на штета на најдобрите но овој систем мислам дека е најфер спрема сите, до сега беше катастрофа за 3-то и 4-то место а мераци за 5-то место, вака маките некако се распределни кај сите по малку. А дека треба да има награден фонд за најдобрите (пари за пласман во лигата) треба, за тоа одамна сум пишал, во играва се потешко се доаѓа до пари и мора нешто да превземат во врска со тоа.

Last edited by Dadimo at 12/3/2012 8:17:49 AM

From: Dadimo

This Post:
00
222759.110 in reply to 222759.109
Date: 12/3/2012 8:25:44 AM
Overall Posts Rated:
5555
Ја зголемија минималната плата за да се борат против „танкање„ во лигата и браво за тоа. Но зошто не ги зголемат и приходите или да ги намалат трошоците па менаџерите место да се одлучуват за „танкање„ и намерно испаѓање од лигата ќе гледаат како да се засилат и да се борат за што подобри резултати.

This Post:
00
222759.111 in reply to 222759.110
Date: 12/3/2012 12:17:38 PM
Overall Posts Rated:
2727
Srekno do dadimo vo izborot na selektor. Se razbira deka e toj pobednik.

From: Xsago

This Post:
00
222759.113 in reply to 222759.112
Date: 12/3/2012 1:05:50 PM
Overall Posts Rated:
128128
Финансиите се многу побитни при распоредот во регуларниот дел од предноста на домашниот терен според мене. Загубата која се воведува со ова е околу 350к, не 250к. Тоа не е воопшто малку, напротив е горе долу исто, а често и помалку отколку што реално "губеше" 4тиот тим во однос на 5тиот со претходниот систем. А предноста на домашниот терен е еквивалентна на предноста да играш плејоф во однос да не играш.

Во превод сега штетата само се префрли од 4то пласираниот на 1во пласираниот, а проблемот не е решен.

Што се однесува до тактизирањето едноставно е. Еве од лично искуство можам да ти кажам дека многу често сум поставувак ризични тактики и постави за да можам да победувам постојано и во лигата и во купот се со цел да ги обезбедам финансиите во плејофот. Сега едноставно нема да бидам мотивиран да го направам тоа и многу е веројатно дека "ќе продадам" неколку средби по сезона само заради тоа. И после некој ќе се жали дека имало местење кога ќе испадне заради ваквите ситуации...

From: Dadimo

This Post:
00
222759.114 in reply to 222759.113
Date: 12/3/2012 1:25:00 PM
Overall Posts Rated:
5555

Во превод сега штетата само се префрли од 4то пласираниот на 1во пласираниот, а проблемот не е решен.

Незнам зошто мислиш дека ова е удар за првото место кога истата судбина ја дели и второто место исто како што и третото место ја дели истата судбина со четвртото место. Наједноставно кажано со променава им се зема од приходите на 1-во и 2-ро место за да им се даде на 3-то и 4-то место што во краен случај мислам дека и е фер затоа што 1-во и 2-ро место освен што имаат предност на домашниот терен имаат уште плус еден натпревар таа недела од која ќе земат нови приходи за разлика од 3-то и 4 -то место кои ќе ги немаат тие приходи. Нормално сето ова под претпоставка дека во плеј-офот првопласираниот ќе го победи четвртопласираниот а второпласираниот ќе го победи третопласираниот.
А со тие 50% што му се земаат за петтопласираниот кои не ги добива никој, се намалуваат добивките кои ги носи ова место за да се стимулираат екипите да се борат за плеј-оф (дури и да немаат шанси за прогрес во плеј-офот) а не за 5-то место. Ова требаше многу порано да го направат и како што реков претходно со ова се избалансираа маките што ги имаат сите тимови за време на плеј-оф/плеј-аут но сепак секој си има право на свое мислење.

From: Xsago

This Post:
00
222759.115 in reply to 222759.114
Date: 12/3/2012 3:01:04 PM
Overall Posts Rated:
128128
Наједноставно кажано со променава им се зема од приходите на 1-во и 2-ро место за да им се даде на 3-то и 4-то место што во краен случај мислам дека и е фер


Фер е да им се одземе од финансиите на најдобрите???

Дополнителните приходи од додатни натпревари се резултат на победите и тие беа составен дел од мотивацијата тимовите да бидат успешни. Зошто воопшто да се борам за победи во плејофот сега кога тоа не ми овозможува да заработам за евентуално да имам шанси да го освојам Б3 кој е целта на сите шампиони? Поарно ќе си седам 4ти со мала плата и ќе се испукам само во последните 3 недели од сезоната.

Овој новосоздаден проблем има потенцијал да создаде и еден куп други проблеми како на пример пореметување на економијата. Ако досега се креваа цените пред почеток на плејофот, можеш да замислиш што ќе биде сега...

Немој да ме сфаќаш погрешно требаше да се реши проблемот за 4тото/5тото место, но не вака. Вака е направена потенцијално уште поголема штета. Лесно ти е тебе кој беше засегнат од претходниот проблем да кажеш супер, ама запрашај се како им е на оние кои ќе бидат на удар од новите правила.

From: Dadimo

This Post:
00
222759.116 in reply to 222759.115
Date: 12/3/2012 3:34:32 PM
Overall Posts Rated:
5555

Немој да ме сфаќаш погрешно требаше да се реши проблемот за 4тото/5тото место, но не вака

Досегашниот ситем за време на плеј-оф/плеј-аут беше многу добар за 5-то место но и многу лош за 3-то и 4-то. Да се потсетиме дека порано не беше така за 5-то место бидеќи порано не беа ослободени од давачките за плати на играчите а нема никакви приходи 2 недели. Потоа ја воведоа промената која беше актуелна до оваа сезона со која на петтопласираните им се собираа 2 недели без обврски за да ги плаќаат платите на своите играчи. Сега ги одземаат делумно привилегиите што ги носи 5-то место но за да го решат проблемот на 3-то и 4-то место земаат од приходите на 1-то и 2-то место. Се согласувам дека ова не е добро решение, но мислам дека е подобро од досегашното.

Мој предлог:
5-то место да си остане како и до сега, 2 недели да биде ослободен од плаќање на платите на своите играчи или да плаќа помал процент од платите на своите играчи првата недела, 50% некако ми се многу.
3-то и 4-то место (или поразените во првата недела во плеј-офот) да плаќаат 50% од платите на своите играчи затоа што играле само 1 официјален натпревар таа недела и плус да ги добијат оние 1/3 од приходите исто како и до сега. За 1-во и 2-ро место да си остане исто како и до сега 2/3 од приходите си остануваат кај нив.

Што мислите за овој модел, фер е за сите.

Last edited by Dadimo at 12/3/2012 3:48:24 PM

From: Onisifor

This Post:
00
222759.118 in reply to 222759.109
Date: 12/3/2012 4:38:04 PM
Overall Posts Rated:
203203
Koj vika deka nema nagrada za sampionite? Prasajte go Xsago kolku mu bea prihodite od sala prethodnata sezona. Eve jas ke vi kazam od moe iskustvo. Domasnite natprevari po osvojuvanje sampionska titula mi nosea i nad $ 600,000 (rekordot mi e 630k). Za sporedba, prviot natprevar ovaa sezona dobiv $ 489 146 (i pokraj korekcija na ceni na vleznici). Normalno, navivacite sakaat mnogu poveke da gi gledaat sampionite otkolku ostantite.

Advertisement