Наједноставно кажано со променава им се зема од приходите на 1-во и 2-ро место за да им се даде на 3-то и 4-то место што во краен случај мислам дека и е фер
Фер е да им се одземе од финансиите на најдобрите???
Дополнителните приходи од додатни натпревари се резултат на победите и тие беа составен дел од мотивацијата тимовите да бидат успешни. Зошто воопшто да се борам за победи во плејофот сега кога тоа не ми овозможува да заработам за евентуално да имам шанси да го освојам Б3 кој е целта на сите шампиони? Поарно ќе си седам 4ти со мала плата и ќе се испукам само во последните 3 недели од сезоната.
Овој новосоздаден проблем има потенцијал да создаде и еден куп други проблеми како на пример пореметување на економијата. Ако досега се креваа цените пред почеток на плејофот, можеш да замислиш што ќе биде сега...
Немој да ме сфаќаш погрешно требаше да се реши проблемот за 4тото/5тото место, но не вака. Вака е направена потенцијално уште поголема штета. Лесно ти е тебе кој беше засегнат од претходниот проблем да кажеш супер, ама запрашај се како им е на оние кои ќе бидат на удар од новите правила.