Многу луѓе во BB заедницата препорачуваа дека некои тимови пробуваат да завршат на петто место на крајот на сезоната, притоа свесно губејќи натпревари за да паднат од четврт место за да не плаќаат плати на играчите за една недела. Како одговор на ова, ја променуваме распределбата на финансиите на крајот на сезоната: Стартувајќи оваа сезона, наместо да не се исплаќаат платите, тимовите што ќе завршат на петто место ќе плаќаат 50% од платата на играчите за првата playoff недела. Во продолжение, како поттик за трето и четврто пласираните тима, распределбата на финансиите ќе се дели 50-50 % помеѓу двата тима наместо досегашните 67-33 % во корист на домашниот тим.
Браво за ова, редно беше, очигледно помина времето кога dadimo се бореше за 5-то место, доаѓа време кога ќе атакуваме на плеј-оф по секоја цена :)
Уште да ги намалат платите добро ќе беше зошто вака како што тргнале за неколку сезони ќе нема играч со поголема плата од 150-200К и се повеќе играчи со големи плата ќе се пензионираат затоа што никој не ќе може да има добар тим со такви играчи во својот ростер.