Здраво јас сум SashmaN (Саше) и се кандидирам за Селектор.
BuzzerBeater играм од сезона13 и сум веројатно еден од поискусните активни менаџери во Македонија. За овие 12 сезони играње не постигнав некои резултати со својот клуб какви што посакував , па се надевам дека во најбрзо време ќе се вмешам во борба со најсериозните конкуренти за освојување на титули. Во сезоната 20 и 21 бев селектор на У21 Репрезентацијата , а во сезоната 21 стигнав до топ32 фазата од Утешниот турнир , а во првата фаза во 1/16 финалето ја победивме екипата на Шведска, но во 1/8 финалето загубивме против Репрезентацијата на Русија.
-Со оглед на ова ви ја нудам мојата кандидатура на следниот начин:
1. Селекција на вистинските играчи, добар скаутинг на противниците и поставување на соодветна тактика на секој натпревар т.е сето ова заедно за постигнување на што подобри резултати и кревање на рејтингот на Македонија. Ги разгледав нашите противници на Европското првенство во групата и мојот првичен впечаток е дека можеме да се бориме за 2-3победи од 8 натпревари а би пробал и повеќе ако ни се укаже шанса но треба да бидеме реални за нашите можности. Секако, за подетална анализа треба повеќе време и тоа ќе го направам најдобро што можам доколку ја добијам довербата.
2. Пратење на развојот на сите наши Сениорски потенцијални репрезентативци како и контактирање и мотивирање на нивните сопственици за редовен и правилен тренинг и одржување на нивната форма на високо ниво т.е сето ова заедно во соработка со скаутинг тимот.
3.Во изминатите 5-6 сезони имавме исклучително доста работа со скаутинг тимот и со одличниот селектор Xsago , а Сениорската репрезентација ја подобривме во поглед на квалитетот на играчкиот кадар.Репрезентацијата на Македонија на чело со сегашниот селектор Xsago минатите неколку сезони и со помош на скаутинг тимот доби солидна основа и долгорочен план , којшто полека почна да дава резултати и да го крева нашиот национален состав на едно повисоко ниво.Јас ќе се потрудам заедно со скаутинг тимот и со сите во оваа заедница да продолжиме во ветувачката насока по која се движи нашиот национален тим.