5 кандидати за изборите за селектор на У21 тимот, а 0 говори во темата за нивно претставување.
Актуелниот селектор се кандидираше, па отстапи од трката во корист на еден од кандидатите, притоа за несериозни ги прогласи останатите 4 кандидати. Колку и да се сложувам или да не се сложувам со овој став на актуелниот селектор, вака гледано од страна, судејќи според нивото на амбициозност на кандидатите, нивната „сериозност“ да не се мачат со свој пост да се претстават на заедницата како кандидати за селектор, но уште поважно да ја престават мотивацијата зад нивната желба да го водат јуниорскиот национален тим, визијата, планот, стратегијата можам да констатирам дека по ниво на несериозност имаме 5 од 5.