BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > BuzzerBeater дискусија

BuzzerBeater дискусија

Set priority
Show messages by
From: Dadimo
This Post:
00
232178.1
Date: 12/3/2012 9:11:53 AM
Overall Posts Rated:
5555
Предлагам да имаме една ваква општа тема за генерална дискусија за различни работи поврзани со играва.
Темата Прашања и Одговори нека си биде за прашања и одговори, темата Забавна нека биде за забава, но добро е да имаме и ваква тема во која би можеле да развиеме конструктивни дискусии, да коментираме за некои новини во играва и да разменуваме мислења, да даваме предлози како би била поинтересна играва, да кажеме што ни смета а што е добро во BuzzerBeater и слично.

From: Dadimo
This Post:
00
232178.2 in reply to 232178.1
Date: 12/3/2012 9:27:16 AM
Overall Posts Rated:
5555
Дискусијата која ја започнав на темата Забавна а ја продолжи Xsago би можеле да ја префрлиме на оваа тема.
(222759.106)

From: Dadimo
This Post:
00
232178.3 in reply to 232178.2
Date: 12/3/2012 9:34:08 AM
Overall Posts Rated:
5555
Исто така оваа дискусија која ја започнав на лигашкиот форум би можела да се префрли на оваа тема.
(230489.18)
Значи, какво е вашето мислење за платите на играчите?
Дали оваа новина која ќе се воведе оваа сезона ќе биде пофер за сите или не?

Многу луѓе во BB заедницата препорачуваа дека некои тимови пробуваат да завршат на петто место на крајот на сезоната, притоа свесно губејќи натпревари за да паднат од четврт место за да не плаќаат плати на играчите за една недела. Како одговор на ова, ја променуваме распределбата на финансиите на крајот на сезоната: Стартувајќи оваа сезона, наместо да не се исплаќаат платите, тимовите што ќе завршат на петто место ќе плаќаат 50% од платата на играчите за првата playoff недела. Во продолжение, како поттик за трето и четврто пласираните тима, распределбата на финансиите ќе се дели 50-50 % помеѓу двата тима наместо досегашните 67-33 % во корист на домашниот тим.

Last edited by Dadimo at 12/3/2012 9:38:21 AM

From: Dadimo
This Post:
00
232178.4 in reply to 232178.3
Date: 6/16/2013 6:33:49 PM
Overall Posts Rated:
5555
Навистина не ми е јасно зошто не се користи оваа тема за дискусии околу играва туку се дискутира на теми кои имаат сосема друга тематика.
Најпрво би сакал да споделам со вас една невообичаена појава на зелени стрелки кај новиот младински репрезентативец Maranaj Keta.
Овој играч пред последниот тренинг играше само 9мин. како плеј а напредуваше вака:
Скок Шут: Јаден ↑
Внатрешна Одб.: Брилијантен ↑

Навистина невообичаено.

А сега предлагам оваа дискусија (222759.219) да ја префлиме на оваа тема или што би рекол Бобанс “ Па ова воопшто не е забавно“ :)
Имам и јас коментар на оваа тема бидеќи се осеќам индирекно прозван.

From: Dadimo
This Post:
00
232178.5 in reply to 232178.4
Date: 6/16/2013 7:13:19 PM
Overall Posts Rated:
5555
Значи вака, дирекно не бев спомнат ни од Гари ни од РакијаДете но сакам да потенцирам некои работи. Јас лично сум шокиран и разочаран од ова што се случи со еден од нашите најдобри центри и сето ова дојде баш како “Гром од ведро небо“. Можеби сега некој и мене ќе ме обвини зошто и јас не сум покажал интерес за Foniqi или Потера, Черепналковски или Милошевски а имам некои странци со 200К и 140К плата.
Како прво мојот тим моментално е почетна фаза на голем ремонт и сеуште размислувам кој ќе остане, кој треба да биде купен а кој продаден. Како второ не би сакал да бидам ставен во група на менаџери кои не сакаат да се жртувуваат за интересите на нашите репрезентации бидеќи имам направено големи жртви и сето тоа имало значајна улога да немам подобри клубски резултати од тие што сум ги имал.
Го имам купено Арнадуовски на скоро 27 години за малку повисока цена од реалната од менаџер кој не го тренираше како што треба и го тренирав на стари години до негови 30-31 години. Би сакал да видам и друг јунак во нашава заедница кој би покажал ваква решителност и пожртвуваност. Да се засилуваме со домашни репрезентативци со големи плати и не мислам дека е некоја голема жртва туку баш добар план да се направи силен тим со кој би се борел за титула а би бил финасиски поодржлив поради големата продажба на дресови. Жртвување во интерес на репрезентациите сметам дека пред се е квалитетно тренирање на наши таленти и спремност понекогаш да се даде малку повеќе пари од реалната цена за некој наш талент. За ова второво искрено и неможам да се пофалам бидеќи и слабо стојам со пари но за тренирање деца вероајтно не треба да ве потсетувам на Ализоти, Жуна, Хоџалари а од пред неколку недели и Апостоловски и сетоа тоа од нивни 18-години сред оваа жешка конкуренција во елитата. Кога решив да ги продадам Арнаудовски и Мартиноски донесов одлука во иднина никогаш повеќе да не купувам стартери само заради тоа што се Македонци туку исклучиво заради нивните скилови. За тренирање деца гледам да бидат исклучиво Македончиња ама ако барам засилувања за прва постава тогаш ако сакам ќе имам и 5 странци и не би било во ред да бидам обвинет за тоа бидеќи не сум јас виновен што имаме слаб избор на домашни звезди. Додека сам не си истренирам квалитетни домашни звезди не планирам да имам домашни репрезентативци и да купувам ако не се по мој вкус а би купил само ако ми одговараат нивните скилови.

Last edited by Dadimo at 6/16/2013 7:37:31 PM

From: Onisifor

This Post:
00
232178.6 in reply to 232178.4
Date: 6/16/2013 9:49:02 PM
Overall Posts Rated:
203203
Понекогаш тренингот ВШ за Ц може истовремено да резултира со две зелени стрелки на СШ и ВО, а ниедна на ВШ.
ВШ за Ц подобрува ВШ примарно и секундарно ВО и СШ, барем според пријавеното на: http://www.buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thr....

Инаку, дефинитивно, ова е невообичаен случај. Ретко кој го има искусено.

From: Dadimo

This Post:
00
232178.7 in reply to 232178.6
Date: 6/16/2013 9:56:07 PM
Overall Posts Rated:
5555
Понекогаш тренингот ВШ за Ц може истовремено да резултира со две зелени стрелки на СШ и ВО, а ниедна на ВШ.
ВШ за Ц подобрува ВШ примарно и секундарно ВО и СШ, барем според пријавеното на: http://www.buzzerbeater.com/community/forum/read.aspx?thr....

Инаку, дефинитивно, ова е невообичаен случај. Ретко кој го има искусено.

Да ама играчов играл како плеј пред тренингот:
(27814723)
Сигурно не тренирал ВШ за Ц туку некој тренинг за П ама што може да биде тоа стварно се чудам. Ако сакате прашајте го што тренирал, јас додека склопам на англиски ќе заспијам на тастатурата :)

From: Dadimo

This Post:
00
232178.8 in reply to 232178.7
Date: 6/16/2013 10:07:11 PM
Overall Posts Rated:
5555
Можно е да тренирал надворешна одбрана а зеленава стрелка на скок шут да е резултат на вкрстениот тренинг.

Last edited by Dadimo at 6/16/2013 10:13:48 PM

From: Xsago

This Post:
00
232178.9 in reply to 232178.7
Date: 6/17/2013 3:16:58 AM
Overall Posts Rated:
128128
Да ама играчов играл како плеј пред тренингот:
(27814723)
Сигурно не тренирал ВШ за Ц туку некој тренинг за П ама што може да биде тоа стварно се чудам. Ако сакате прашајте го што тренирал, јас додека склопам на англиски ќе заспијам на тастатурата :)


Освен што нема потреба да го прашаме и скоро сигурно тренирал внатрешен шут. Бобанс е во право. Тој не играл само како плеј минатата недела. Два натпревари изиграл минатата недела: едниот како плеј 9 минути, другиот како центар 48 минути. Дечкото добил фул тренинг. Првата утакмица од неделата е последна во минатата сезона затоа се имаш збунето.

From: Dadimo

This Post:
00
232178.11 in reply to 232178.9
Date: 6/17/2013 7:24:36 AM
Overall Posts Rated:
5555

Освен што нема потреба да го прашаме и скоро сигурно тренирал внатрешен шут. Бобанс е во право. Тој не играл само како плеј минатата недела. Два натпревари изиграл минатата недела: едниот како плеј 9 минути, другиот како центар 48 минути. Дечкото добил фул тренинг. Првата утакмица од неделата е последна во минатата сезона затоа се имаш збунето.

Имате право, играл како Ц на 08.06.2013 што е минутажа баш за последниот тренинг, скроз заборавив да се префрлам за сезона 23 во неговиот профил :)