Неочекувано висок пораз од Гемиџиите со оглед на тоа што исто се залагаа двата тима, а разликата во квалитет не е толку голема, но идеме понатаму, утре ме чека многу поважен натпревар во BB Best Купот, ќе биде тешко но се надевам на првата победа во ова натпреварување. За жал не ќе можам да обезбедам засилување поради лошиот рапоред со 2 лигашки гостувања оваа недела.
Од другите натпревари во елитата би го издвоил четвртиот пораз на dragonfly84, ако минатата сезона беше хит, оваа се разочарувањето на овие стартни 4 кола. Вториот хит од минатата сезона Piperkari конечно ја прекина лошата серија додека хитот од пред 2 сезони и финалист во купот истата сезона Габер со победата против силниот Xsago Phantoms најавува успешна сезона.
Поздрав до сите, ме очекува уште една интересна сезона ;)