Денес, со почеток во 17.30, во арената all stars (на тимот Najdobrite) ќе се одигра натпреварот помеѓу јуниорските репрезентации на Норвешка и Македонија. Натпреварот можеме заеднички да го следиме овде:
(11561).
Кралството Норвешка е северноевропска земја сместена на Скандинавскиот Полуостров со нешто над 4,5 милиони жители (проценките за 2010 година се 4,8 милиони). Главен град е Осло. Во светот на ББ, Норвешка е претставена со 140 активни тимови. Нивниот У21 тим е доста солидна репрезентација, а најдобар играч е центарот Stefan Tillbrant кој има плата од $ 91 537
(10905718). У21 Репрезентацијата ја води GM-Svett Sleik - менаџер на тим од првата лига на Норвешка. Нивниот скор оваа сезона е 3 победи и 2 порази.
У21 тимовите на Македонија и Норвешка досега се имаат сретнато 2 пати во својата историја. Моменталниот меѓусебен скор е 2:0 за Норвешка. Првиот натпревар е одигран во Сезона 6
(2246) кога загубивме за само 2 поени, а вториот во Сезона 10
(7466) кога нашиот тим доживеа тежок пораз. Денес го играме третиот натпревар и се надеваме дека конечно ќе ја извојуваме првата победа против нив.